Покетино со емотивна порака се прости од фудбалерите на Тотенхем

Фудбалерите на Тотенхем доживеаја пријатно изненадување на првиот тренинг по репрезентативната пауза. Покетино кој пет години беше тренер на Тотенхем, не беше во можност лично да се прости со фудбалерите, но сепак пронајде начин да им се заблагодари на соработката.

Аргентинецот уште истиот ден кога беше отпуштен од претседателот Даниел Леви, влезе во соблекувалната на првиот тим и на таблата на која се разработува тактиката за натпреварите им напиша:

„ Големо благодарам до сите вас! Жал ми е што не можам да дојдам и да ви кажам збогум… Секогаш ќе останете во моето срце“, напиша Покетино.

Фудбалерите на Тотенхем беа шокирани од смената на Покетино и наименувањето на Жозе Мурињо за негов наследник, бидејќи Аргентинецот имаше фантастичен однос со сите фудбалери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот