Покетино сигурно доаѓа во Јунајтед доколку…

Фото: твитер

Аргентинецот веќе неколку недели преговара со челниците на Манчестер јунајтед, но сигурно е дека нема да седне на клупата до крајот на сезоната.

Според „TalkSport“, поранешниот менаџер на Тотенхем, Маурицио Покетино, задолжил неименуван агент да преговара во негово име бидејќи тој нема постојан правен застапник.

Преговорите се во поодмината фаза и се шпекулира дека Покетино се согласил да почека да заврши сезоната и потоа да седне на клупата на „црвените ѓаволи“.

Тој не сака да ја преземе екипата во текот на сезоната, а истиот извор наведува дека Аргентинецот барал целосна автономија и контрола во изборот на фудбалерите но и значителна сума на пари за трансфери за да може да купи, а потоа и да состави тим по свој вкус.

Актуелниот тренер на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер сè уште ја има поддршката од управата, но повеќе од извесно е дека тој ќе мора да си замине од клупата доколку не обезбеди пласман во Лигата на шампионите, односно не заврши на една од првите четири позиции во Премиер лигата, или не триумфира во Лигата на Европа.

Јунајтед моментно е на петтата позиција на табелата со пет бодови помалку од Челси, а следниот предизвик за „црвените ѓаволи“ е гостувањето кај лидерот на табелата, Ливерпул.
Маурицио Покетино во ноември минатата година доби отказ од Тотенхем, а на негово место дојде Жозе Мурињо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот