Покетино се враќа на клупата, му дал ветување на италијански гигант

EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Аргентинецот поради ветувањето ја одбил богатата понуда да го презеде Монако.

Маурицио Покетино ја одби понудата да седне на клупата на францускиот Монако, а сега е откриено и зашто го сторил тоа. Се шпекулираше дека Покетино сè уште ги разгледува понудите, но се чини дека тој веќе се договорил со италијански гигант.

Како што пренесува италијанскиот новинар Луиџи Гелпа, Покетино го одбил Монако бидејќи веќе му дал ветување на Јувентус, со кого има договор од наредната сезона. Ова значи дека Маурицио Сари на крајот од сезоната ќе си замине од Јувентус, а работата нема да му ја спаси ниту освојувањето на Лигата на шампионите.

Покетино е без работа од октомври минатата година кога доби отказ во Тотенхем. Тој се споменуваше како потенцијален тренер на Баерн Минхен и на ПСЖ, а деновиве зачестија шпекулациите дека и Интер го сака на клупата, но според Гелпа победник е Јувентус кој во новата сезона ќе биде предводен токму од Покетино.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот