Покетино се кае за изјавите за Барселона, подготвен е да седне на клупата на каталонците

twitter.com/piersmorgan

Името на Маурицио Покетино се споменува како еден од кандидатите за наследник на Кике Сетиен во Барселона иако пред неколку години тешки го навреди каталонскиот тим.

Имено, Покетино кој дел од играчката но и тренерската кариера ги помина во Еспањол, пред две години изјави дека нема шанси да седне на клупата на Барселона.

– Попрво би се вратил на фарма во родниот крај, отколку да ја тренирам Барселона – изјави во 2018 година Покетино.

Сега Аргентинецот во интервју за „Ел Паис“ признава дека сега не би ги изговорил тие зборови.
– Мора да ги појаснам работите. Во тој период живеев во Барселона и се сретнав со претседателот Бартомеу бидејќи децата ни одеа во исто училиште. Веднаш се појавија гласините за мојата преселба во Барселона и почувствував потреба да го демантирам тоа на жесток начин. Намерата не ми беше да ја навредам Барселона, Еспањол е клубот каде го изградив своето фудбалско име, но јас не сум арогантна личност и немав намера да искажам непочитување кон Барселона. Сега сигурно не би ги кажал тие зборови бидејќи во животот и во фудбалот не знаеше што ви носи иднината – објаснува Покетино.

Маурицио Покетино е без работа од минатата есен кога доби отказ во Тотенхем иако со англискиот тим играше во финалето на Лигата на шампионите. Сега, тој се споменува како еде од наследниците на Кике Сетиен кој има само уште една шанса за да ја задржи тренерската работа во Барселона, да триумфира во Лигата на шампионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот