Покетино, Куман и Чави меѓу кандидатите за тренер на Барса!

Фото: твитер

Барселона планира во блиска или далечна иднина да има нов тренер, информира „ЕСПН”. Раководството на каталонскиот клуб смета дека Кике Сетиен не можел да ги придобие играчите поради фактот што тој не постигна досега големи успеси во неговата тренерска кариера.

Поради тоа од „Блауграна” сакаат да назначи тренер со име што фудбалерите би го почитувале. Еден од нив се селекторот на Холандија, Роналд Куман кој сè уште се смета за кандидат за Барселона, и покрај тоа што претходно го одби клубот.

Тука е и тренерот на Ал-Сад, поранешниот играч на екипата, Чави, но неговото назначување во моментот е малку веројатно поради јануарско одбивање да стане предводник на каталонската гордост.

Уште еден кандидат е екс менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино. Но, неговото назначување може да биде попречено од неговото тренерско искуство во градскиот ривал Еспањол и критикување на Барса во минатото.

Останува да се види дали наскоро Сетиен ќе биде сменет или првите луѓе на клубот ќе му дадат шанса да остане на клупата и следната сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот