Покетино ќе се врати во Премиер лигата!?

Фото: твитер

Покетино има намера да направи пауза и дека нема да брза за нова тренерска работа. После завршувањето на соработката со Тотенхем, аргентинскиот фудбалски стручњак се врати во својата родна земја каде што говореше за првпат после заминувањето од лондонскиот клуб.

Маурисио Покетино (47) за пет и пол години во премиерлигашката екипа направи тим кој беше кандидат за титулата, беше редовен учесник во Лигата на шампионите, а минатата година стигна и до финалето во тоа натпреварување.

Спарси не ја започнаа најдобро оваа сезона, доби отказ и веднаш беше заменет од Жозе Мурињо.

– Има многу клубови и атрактивни проекти за мене, но моментно најважното за мене е да се одморам после пет и пол неверојатни сезони во Тотенхем. Целта ми е да најдам способност и повторно најдам сили и мотивација – рече Покетино кој изрази желба да се врати во Европа.

И самиот призна дека му е тешко да замисли проект во Аргентина, а и поради семејството би одбил да работи во таа земја.

– Ќе одморам 10 дена, во моите години не ми треба многу време да се опоравам, а воедно сум и подготвен да ги слушам понудите кои ќе дојдат – додаде Покетино.

Британските медиуми шпекулираат дека Арсенал би можел да биде неговиот клуб. Потсетување дека „топчиите“ се разделија со Емери, а привремено решение е клупската легенда, Фреди Љунгберг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот