Покетино избегна суспензија

EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино заработи условна суспензија на еден натпревар поради доцнење на стартот на првиот полуфинален дуел против Ајакс во Лигата на шампионите. Казната е условна, во траење од една година, и Покетино ќе може да го води Тотенхем во финалето на Лигата на шампионите против Ливерпул кое се игра на 1 јуни во Мадрид.

Според правилата на УЕФА во случај на доцнење со излегувањето на фудбалерите на теренот, виновни се тренерите и екипите и тие добиваат казна. Поради тоа Тотенхем е казнет со 10.000 евра, а исто така е обвинет и за непримерно однесување на неговите службени лица.

Дициплинската комисија на УЕФА исто така му изрече условна суспензија и на тренерот на Ајакс, Ерик тен Хаг поради неговата улога во доцнењето на стартот на натпреварот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот