Покетино го заврши своето во Тотенхем?!

twitter.com/piersmorgan

Ерата на Маурицио Покетино во Тотенхем се ближи кон крајот. Аргентинецот деновиве имал разговор со претседателот Даниел Леви на кој му било укажано дека клубот размислува за ново решение на клупата и дека самите фудбалери му го свртеле грбот. Според “Телеграф“, за време на репрезентативната пауза, фудбалерите на Тотенхем си разменувале пораки во кои шпекулираат со името на новиот тренер.

Засега Леви не сака да го смени тренерот, но не поради парите кои треба да му ги исплати, околу 15 милиони евра, туку поради тоа што направи за Тотенхен. Покетино го направи лондонскиот тим еден од најдобрите во Премиер лигата, а минатата сезона играше и во финалето на Лигата на шампионите.
Сепак, на Покетино му било најавено дека доколку Тотенхем изгуби од Вест Хем во наредното коло , тогаш и дефинитивно си заминува, поточно ќе добие отказ.

Како можен наследник на Аргентинецот се споменува Жозе Мурињо, но англиските медиуми тврдат дека Леви веќе разговарал со поранешниот тренер на Јувентус, Масимилијано Алегри, додека англискиот селектор Герет Саутгејт веќе ја одбил понудата да го презеде Тотенхем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот