Покетино: Ако триумфиравме во ЛШ, ќе си заминев
Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино, откри дека ќе си заминеше од англискиот тим доколку триумфира во Лигата на шампионите. Во финалето на ЛШ кое се играше на „Ванда метрополитано“ во Мадрид, Ливерпул со 2:0 го совлада Тотенхем.
– Доколку резултатот беше поинаков, сигурно ќе си заминев. Но, по финалето чувствував дека ова не е начин да се стави крај на кариерата во Тотенхем. Ги сакам предизвиците и ќе се обидеме да го повториме тој успех и во новата сезона – изјави Покетино.
Во новата сезона, Тотенхем ќе биде ослабен за Киеран Трипие кој замина во Атлетико Мадрид, а голема е веројатноста и Кристијан Ериксен да си замине од англискиот тим.
– Додека бев на одмор не сакав да гледам што пишуваат медиумите. Киеран и кажа дека ја прифатил понудата од Атлетико и го разбирам бидејќи често фудбалерите сакаат нови предизвици. Што се однесува до Ериксен, тој имаше операција и медицинскиот тим ме информирадека ќе се приклучи на подготовките во најскоро време – вели Покетино.