„Покерот“ на Меси ги смири навивачите на „Камп Ноу“ (ВИДЕО)

Барселона со убедливи 5:0 го совлада Еибар но натпреварот го одбележаа белите марамчиња на трибините како знат за незадоволство.

Фудбалерите на Барселона со убедливи 5:0 го совлада Еибар во натпревар кој помина во знакот на Лионел Меси и навивачите.

Токму Меси беше херојот на неубедливата Барселона, тој за само 26 минути постигна хет-трик во првото полувреме и ги реши дилемите околу победникот. Во финишот на натпреварот Меси даде уште еден гол, а гол серијата ја затвори Артур.

Сепак, натпреварот на „Камп Ноу“ го одбележаа навивачите кои за прв пат по поголго време мавтаа со бели марамчиња како знак за незадоволство од работата на управата која во последно време ја тресат серија скандали.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот