„Покер“ на Сити, Кристал Палас и со играч помалку до три бода! (ВИДЕО)

фото:твитер

Денеска се одиграа два натпревари од 15. коло во најсилното англиско фудбалско првенство, Кристал Палас беше подобар од Борнмут на домашен терен, а Манчестер сити ја оправда фаворитската улога кај Барнли.

„Граѓаните“ од „Етихад“ ја забележаа 10. победа сезонава во Премиер лигата остварена против Барнли (1:4) на стадионот „Турф Мур“, водеа после првото полувреме со прекрасниот гол на Габриел Жезус во 24. минута.

Истиот играч зголеми на стартот од вториот дел, а повторно асистент беше Силва, за 0:3 се погрижи Родри го 68. минута од средбата.

Марез го реализираше четвртиот погодок за тимот на Гвардиола, а Бреди само го ублажи поразот на домаќините.

Во вториот меч Кристал Палас иако од 19. минута беа со играч помалку поради црвениот картон на Сахо, успеа пред своите навивачи со погодокот на Шлуп во 76. минута да донесе три бода против Борнмут.

На табелата Сити е на второто место со 32 бодови, осум помалку зад водечкиот Ливерпул, а Кристал Палас е на петтата позиција со 21 бод.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот