Покер голови на Реал Мадрид, погоди и Азар по 392 дена (ВИДЕО)

epa08788628 Real Madrid's Belgian midfielder Eden Hazard (C) in action during the Spanish LaLiga soccer match between Real Madrid and SD Huesca at Alfredo Di Stefano stadium in Valdebebas, Madrid, central Spain, 31 October 2020. EPA-EFE/MARISCAL

Фудбалерите на Реал Мадрид со 4:1 ја совладаа Уеска во рамките на осмото коло од Ла Лига.

Белгискиот репрезентативец по четири месеци се врати на терените како стартер и својот деби натпревар во Ла Лига оваа сезона го одбележа со прекрасен гол.

Во 40. минута, Валверде му асистираше на Азар на средината, а Белгиецот откако го помина противникот со силен удар од 25-тина метри го совлада противничкиот голман и му донесе водство на својот тим.


Токму голот на Азар беше најава за убедливиот триумф на „кралевите“. Пред крајот на полувремето Бензема зголеми на 2:0, а во 54. минута веќе беше и 3:0 благодарение на голот на Валверде. Почесниот гол за Уеска го постигна Фереира во 74. минута, а точна на натпреварот стави Бензема со голот во последната минута.
Со оваа победа Реал Мадрид се врати на лидерската позиција на табелата со 16. бода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот