Покер голови на „граѓаните“ против Брајтон

„Граѓаните“ остварија леста победа на гостувањето кај Брајтон/ фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Фудбалерите на Манчестер сити остварија убедлив триумф од 1:4 на гостувањето кај Брајтон во рамки на 11. коло до Премиер лигата.

„Граѓаните“ доминираа во првото полувреме во кое постигнаа три гола, а можеа да дадат уште толку. Резултатот го отвори Илкај Гундоган во 13. минута за потоа на сцена да стапи Фил Фоден кој постигна два гола за три минути и ја обезбеди победата на својот тим.

Во второто полувреме,  МекАлистер во финишот намали на 1:3, а Ријад Марез во судиското продолжение го постави конечниот резултат.

Со оваа победа, Манчестер сити се искачи на второто место на табелата со 20 бодови, два помалку од лидерот Челси, додека Брајтон е четврти со 15 бодови.

Евертон доживеа вистински дебакл на „Гудисон парк“ губејќи пред своите гледачи со убедливи 2:5 од Вотфорд. Дејвис уште во третата минута му донесе предност на домашниот тим, но Кинг десет минути подоцна израмни на 1:1. Во вториот дел, Евертон повторно поведе преку Ричарлисон во 63 минута, а одговорот на гостите беше брутален. Фудбалерите на Вотфорд во последните 12 минути постигнаа четири гола преку Куцка, Денис и Кинг кој погоди два пати.

Резултати:
Челси – Норич 7:0
Кристал Палас – Њукасл 1:1
Евертон – Вотфорд 2:5
Лидс – Вулверхемптон 1:1
Саутемптон – Барнли 2:2
Брајтон – Манчестер сити 1:4

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот