Покажавте политичка храброст му рече Столтенберг на Заев

Фото: Драган Митрески

Историска одлучност покажаа Скопје и Атина со решавање на спорот тоа покажа дека храброста се исплаќа и дека градите подобра иднина за вашата земја, рече генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. Покажавте политичка храброст му рече Столтенберг на Заев.

Заев во своето воведно обраќање рече дека членството во НАТО е големо постигнување на сите граѓани и дека секогаш постоел широк натпартиски интерес за НАТО. Тој рече дека во изминатите години успеале да ја обноват демократијата и да ја ослободат заробената држава.

Со соседите ќе бидеме блиски сојузници на НАТО, работиме на тоа регионот да биде синоним за мир и стабилност. Членство во НАТО значи мир и стабилност ќе донесе подобар живот за граѓаните. Откако ја добивме поканата БДП порасна на 5.5 проценти, пораснаа странските инвестиции, се зголемија платите, се намали и невработеноста. Свесни сме и за обврски и спремни сме да ги делиме. Владата за 0.2 проценти е спремна да го зголеми буџетот на армијата, ќе се зголеми и учеството во мисиите, сакам да ве уверам дека неуморно работиме спремни сме да го заземе нашето место во НАТО, рече Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот