Појадок за оние кои постат: Проја со праз

Посна проја / Фото: Инстаграм/@lajkrecepti

Пројата е вкусен пченкарен леб, кој се прави од крупно мелено пченкарно брашно, сол и вода и, најчесто, се додава и сирење.

Но, со оглед на тоа што започна четериесетдневниот Божиќен пост, овојпат ви пренесуваме посна верзија на ова јадење со праз.

Потребни состојки:

  • 200 гр бело брашно
  • 200 гр пченкарно брашно
  • 2 струка праз
  • половина чаша масло
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • 2 чаши кисела вода
  • сол

Подготовка:

Ситно исечкајте го белиот дел од празот и пропржете го на малку масло. Што се однесува до зелениот дел од празот, исечајте го и него, но тргнете го на страна за подоцна.

Измешајте ги двата вида брашно, прашокот за печиво, маслото и киселата вода и посолете. Додајте го пржениот праз во смесата и измешајте.

Истурете ја смесата во тепсија и печете ја пројата на загреана рерна на 200 степени, околу 20 минути.

Извадете ја пројата од рерна и посипете ја со зелениот дел од празот и вратете ја да се допече уште десет минути.

На здравје!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот