Похувано сирење (РЕЦЕПТ)

профимедиа

Состојки:

1 килограм тврдо овчо сирење

4 јајца

100 грaма лебни трошки

100 грама брашно

зачини по желба

Подготовка:

Најпрвин измијте го сирењето што планирате да го пржите и оставете го на кујнски бришач убаво да се исцеди.

Откако ќе завршите со оваа постапка, исечете го сирењето на парчиња со дебелина од околу еден сантиметар.

Потоа, во посебна чинија изматете ги јајцата со виљушка и во нив ставете ги сите зачини на кои сакате да ви мириса сирењето откако ќе го испржите.

Потоа, на оган ставете да се загрева масло. Откако маслото на кое ќе го пржите сирењето ќе биде доволно загреано, секое парче сирење прво извалкајте го во брашно, потоа ставете го во смесата од јајца и зачини и на крај извалкајте го во лебни трошки. Вака подготвени парчињата се пржат во загреаното масло додека убаво не заруменат од двете страни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот