ПОГРЕШНА ПРЕСМЕТКА: Бројот на жртвите во Шри Ланка намален – Слободен печат
ВестиПланета

ПОГРЕШНА ПРЕСМЕТКА: Бројот на жртвите во Шри Ланка намален

Повеќето од загинатите се од Шри Ланка, но меѓу нив има и десетици странци.

Властите на Шри Ланка направиле погрешна пресмтка, па откако го ревидираа бројот на жртвите во неделните терористички напади во Коломбо, тој сега е намален за 100 луѓе.

Според најновите податоци, во серијата напади на хотели и цркви за Велигден загинале 253, а не 359 лица, како што последно беше објавено.

Повеќето од загинатите се од Шри Ланка, но меѓу нив има и десетици странци, објавија властите, додавајќи дека имало девет напаѓачи.

Полицијата продолжи со рации и објави фотографии од уште седум лица кои се бараат во врска со нападите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close