ПОГРЕБ НА ЖАК ШИРАК ВО ПАРИЗ: 30 светски лидери се простуваат од него, меѓу нив и Путин! (ВИДЕО)

Околу 30 светски лидери, меѓу кои и рускиот претседател Владимир Путин, италијанскиот и германскиот претседател Серхио Матарела и Франк-Валтер Штајнмаер, унгарскиот и хрватскиот премиер Виктор Орбан и Андреј Пленковиќ, ќе пристигнат денеска во Париз да му оддадат почит на починатиот поранешен претседател на Франција, Жак Ширак.

Воените почести ќе се одржат на Плоштадот на честа во комплексот „Лес Инвалидес“ во присуство на сегашниот претседател Емануел Макрон, а ќе се одржи церемонијална служба во црквата „Света Сулпициа“.

Од странските гости ќе бидат присутни и политички лидери кои се наоѓале на должноста за време на мандатот на Ширак, како што се поранешниот германски канцелар Герхард Шредер и поранешниот шпански премиер Хозе Запате.

На церемонијата ќе присуствуваат и поранешните француски претседатели Франсоа Оланд, Никола Саркози и Валери Гискард д’Естаинг.

Шефицата на екстремната десница Мари Ле Пен, чиј татко Ширак го прогласи за непријател, најави дека нема да присуствува на церемонијата.

Вчера илјадници луѓе му оддадоа почит на Ширак. Над ковчегот покриен со боите на француското знаме беше голема фотографија на поранешниот претседател.

Редот на граѓаните се протегал во неколку стотици метри, па организаторите вчера одлучиле да ги остават вратите отворени и во текот на ноќта до 7 часот утринава.

Од четврток до сабота, околу 5.000 луѓе, вклучително и голем број на млади, се запишале во книга на жалост, изразувајќи восхит за човекот кој го измисли слоганот „Нашата куќа гори“ во 2002 година, предупредувајќи за климатските промени, човекот кој рече „не“ на втората ирачка војна во 2003 година и човекот кој ја призна одговорноста на Франција за прогонот на Евреите.

Ширак почина во четвртокот на 86 годишна возраст.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот