Поголемите пензионирања од Вториот столб ќе бидат за 20 години!
Во прилог на растоварување на државниот Фонд за ПИОМ се очекувањата повеќе пензии да почнат да се исплатуваат заеднички , од државниот и од приватниот пензиски фонд, каде идниот пенизонер е член. Но, за тоа треба да се почека…
Дали треба да има продолжување на рокот за пензионирање? – е тема која деновиве ја окупира нашата јавност. Во прилог на растоварување на државниот Фонд за ПИОМ се очекувањата повеќе пензии да почнат да се исплатуваат заеднички , од државниот и од приватниот пензиски фонд, каде идниот пенизонер е член.
Но, како што вели Дарко Саздов, член на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансиско пензиско осигурување, во емисијата „Слободен печат“, поголемите пензионирање од Вториот столб ќе бидат за 20 години.
– Сега сме во период на акумулација на средства на капитално финансирано пензиско осигурување. Периодот на деакумулација, кога ќе почнат да се исплатуваат поголемите износи, е пред нас. Сè уште сме во комотна фаза, просечен член во нашиот систем на капитално финансирано пензиско осигурување е негде од 37 до 40 години возраст. Па во согласност со моменталната законска регулатива за пензионирање на 62, односно на 64 години, имаме некој период од уште 20 години каде што можат тие средства и да се инвестираат и да се оплодуваат во значаен износ, во интерес на членовите на капитално финансирано пензиско осигурување – објасни Саздов.