Поголемиот дел од руските лекари се скептични за руската вакцина

EPA EFE
Тестирање за коронавирус, Фото: EPA-EFE/ORESTIS PANAGIOTOU

Откако заврши кратката медиумска еуфорија, руските медиуми во петокот објавија социолошко истражување што покажа дека руските лекари бараат подетални информации за вакцината против ковид што се разви во оваа земја, пред да им ја препорачаат на своите пациенти.

Во истражувањето во кое учествувале повеќе од 3.000 лекари, над 50 проценти се изјасниле дека не се согласуваат да се брза со препораките за оваа вакцина зашто им требаат повеќе податоци. Околу 25 проценти од испитаниците сметаат дека вакцинацијата е безбедна.

Причината за внимателност кај лекарите е тоа што немаат доволно информации за безбедноста и ефикасноста на вакцинацијата, а дел од лекарите биле скептични заради брзината со која што се пристапило кон развојот на вакцината.

Министерот за здравство на Русија Михаил Мурашко пак, смета дека скепсата на западните колеги е неоснована, а платформата за вакцината е добро изучена одамна зашто е правена против вирусот САРС, инаку најсличен на ковид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот