Поголема сила од НАТО нема и ние сме дел од неа!

Фото: Профимедиа

Овој дискурс во јавноста добива на значење особено кога напоредно со позитивните усилби за што поскоро полноправно членство во алијансата во јавноста се говори дека Македонија нема никаква корист од членството во НАТО.

Членството во НАТО е придобивка од сите аспекти и никој не треба да има дилема дека е вистинската определба на нашата земја за нејзината перспектива. Ваквите пораки стигнуваат се почесто од експертите и познавачите на воено безбедносните аспекти на гесостратешките влинанија во светот.
Овој дискурс во јавноста добива на значење особено кога напоредно со позитивните усилби за што поскоро полноправно членство во алијанста се јавуваат навидум безначајни и маргинализирани пројави во јавноста дека Македонија нема никаква корист од членството во НАТО и дека можеби треба да се размислува за други форми на воено здружување со Русија или со Кина.

-За тие што имаат дилеми трба да биде јасно во какво опкружување се наоѓа нашата земја. Ние сме мултиетничко општество, земја со слаби институции, опкружена со земји кои имаат нерешени односи, каде секојдневно се прават обиди за редефинирање на границите и прашање е дали ние како мала земја можеме да опстанеме ако не сме под глобалниот безбедносен чадор, укажува експертот Милан Стефановски во „Седма сила“ на Слободен печат.

Оттаму може да се заклучи дека сегашните заканите не се само воени, туку се хибридни, што значи се комбинација на регуларни и нерегуларни средства. Сведоци сме на наплив на тероризам, ни и на сајбер напад, на закани од бегалска криза. Во општества како нашето каде секогаш има зголемен ингтерес за разузнавачки и субверзивни активности кои ниту една земја не може сама да ги реши.

-Оние кои лаички го критикуваат нато ќе мора да разберат дека нато не е само воена туку и воена политичка организација со економски перформанси, вели Сеад Ризвановиќ во емисијата „Седма сила“ на Слободен печат. НАТО е и идеолошка определба на државата за тоа каде сака да членува и тоа е стратгиски исчекор за нас, додава Ризвановиќ.

-Но и од воен аспект НАТО е доминатна воена организација во светот. Поголема воена сила од НАТО каде припаѓаме и ние во овој мемент нема.
Русија и Кина како главни опоненти на НАТО не се ни одблиску да ја оспорат неговата доминација. Само за споредба САД и без НАТО членките има капацитети кои другите ги немаат ни приближно. Нашата делегација можеше да се увери во тоа при посетата на еден од носачите на авиони во Средоземното море што е само еден од 11- те кои САД ги поседува. За спредба Русија и Кина имаат само по еден носач кој не се ни проближно моќни како овие единаесет, вели Сеад Ризвановиќ.

Во април кога ќе станеме и официјално членка на НАТО следи т.н. следи концептуелен период во кој се случува хармонизација, синхронизација и комплетна интеграција со главната комнада на НАТО на стратешко ниво и на оперативно тактичко ниво.
Според Милан Стефановски ќе следи и фазата на Интероперабилност што значи ставње во функција на декларираните единици што ние ги планираме да ги ставиме во функција на НАТО.

-Забот на промената е дејствувањето на самата армија. Од учество во операции за подршка на мирот каде обврските не се наложени туку изборни според бројот и периодот на учество, од сега ќе учествуваме и во операции за остварување на мир, значи и во борбени мисии, смета Милан Стефановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот