Поголема група мигранти забележана во близина на границата со Северна Македонија

Поголема група мигранти била забележана во грчкиот град Поликастро во близина на границата со Северна Македонија, пишува солунскиот информативен портал „Вориа” и објавува видео од групата како се движи паралелно со железничката пруга, јави дописничката на МИА од Атина.

Порталот додава дека постојат случаи и кога мигрантите поставуваат шатори во близина на границата, чекајќи можност за нелегално да излезат од Грција.

Градоначалникот на општина Пеаниа Костас Сионидис за „Вориа” потврдува дека постои раздвиженост и вели дека ситуацијата потсетува на онаа од 2015.

-Постои континуиран, зголемен бран луѓе кон Идомени. Се плашиме дека актуелните околности може да доведат до ситуација слична на онаа од 2015, вели градоначалникот на Пеониа Костас Сионидис.

Според информациите на дописничката на МИА од Атина, не станува збор за нова појава, туку периодично во близина на нашата граница, се забележуваат помали групи мигранти или поединци, во обид да изнајдат начин нелегално да излезат од Грција. 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот