Поголема група мигранти од Средна Америка се движат кон САД

ФОТО: EPA

Голем дел од жителите во државите во Средна Америка бегаат кон САД поради насилствата и сиромашнијата во своите земји.

Над 3500 мигранти од Средна Америка денеска влегле во Гватемала, а сакаат да завршат во Соединетите Американски Држави.

Мигрантите се движат во т.н. карвани додека САД врши притисок врз Мексико и Гватемала да ги спречат мигрантите да стигнат до САД.

Американскиот претседател Доналд Трамп повеќе пати досега ги опомена двете држави поради протокот на мигрантите низ нивната територија.

Според светските медиуми, мигрантите се договориле да се соберат и заедно да тргнат кон Мексико.

Мексиканските власти велат дека ја следат ситуацијата, но засега нема детали дали ќе се обидат да ги задржат мигрантите на југот на земјата.

Голем дел од жителите во државите во Средна Америка бегаат кон САД поради насилствата и сиромашнијата во своите земји. Дел од нив по секоја цена сакаат да стигнат до САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот