Поголем дел од Тетово над 12 часа без струја поради скинат кабел

Над 12 часа поголем дел од Тетово нема снабдување со електрична енергија поради искинат подземен кабел. Од утринава се работи на санирање на дефектот, информираат од ЕВН Македонија.

– Во неделата околу 18 часот е појавен проблемот со снабдување со електрична енергија. Станува збор за искинат подземен кабел – извод од трафостаница Тетово 1 лоцирана кај спортскиот центар во Тетово. Дефектот е лоциран и од утринава се работи на санирање, информираше Атанас Ковачески, портпарол на ЕВН Македонија.

Повторното приклучување на оваа трафостаница во снабдувачката мрежа ќе зависи од брзината на стигнување до кабелот и негова замена. Потребно е режење на бетонска подлога и ископ на земјата над кабелот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот