Поголем дел од Скопје од вечер без вода

Водата во Скопје е безбедна за пиење / Фото: Архива на „Слободен печат“

Од 22 часот вечерва, поголем дел од главниот град ќе остане без вода, за да се санираат неколку сериозни дефекти. ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје ќе го затвори главниот градски цевковод во кругот на касарната во Ѓорче Петров, а вода ќе имаат само населбите од левата страна на реката Вардар.

Штедете и гответе оброци што не бараат многу вода, им препорача ИЈЗ на скопјани за викендов

Вода во Скопје ќе имаат жителите на Чаир, Бутел, Радишани, Пластичарска до Американска амбасада, Визбегово, Бардовци, Железара, Автокоманда висока зона, Ѓорче Петров од СП Планет, Сарај, Шутка, Топанско поле, Новоселски пат, Кисела Јабука, Стопански двор, Волково и Орман. Останатите корисиници од Скопје ќе бидат без вода, велат од ЈП „Водовод“.

Надлежните открија во кои делови од Скопје чешмите ќе секнат во сабота наутро

Тоа значи дека од кружниот тек во Ѓорче Петров, сите населби кои се наоѓаат на десната страна од реката Вардар, сè до Зелениково, ќе бидат без вода додека не се санира дефектот.

Граѓаните вознемирени поради најавените интервенции на главниот цевковод, бараат одговори каде и колку долго ќе нема вода

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот