Погледнете зошто путерот од кикирики може да ви помогне полесно да заспиете!

Ако имате проблем со спиењето, упатете се во кујната пред да посегнете по вашите лекови. Некои намирници можат да ви помогнат полесно да заспиете и да спиете подобро, а меѓу нив е и путерот од кикирики.

Зошто?

Кикириките содржат аминокиселина триптофан, која мозокот ја претвора во мелатонин, кој на многу луѓе им е познат како состојка на додатоци во исхраната кои ветуваат подобар сон.

За да извлечете максимум од триптофанот со консумирање путер од кикирики, VeryWellFit наведува дека треба да го јадете намачкан на парче леб. Изберете леб од цели зрна, а можете да додадете и џем без шеќер.

Постои уште една причина зошто е паметно да уживате во путер од кикирики пред спиење. Содржи микроелементи кои ги обновуваат мускулите и го стимулираат нивното градење, тврди фитнес-блогерот Сикспак Смакдаун.

Една лажица путер од кикирики има 94 калории и помага да се контролира апетитот и да се одржат нивоата на шеќер во крвта, па можеби во умерени количини, заради сите горенаведени, не е толку лош избор за вечера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот