Погледнете за колку се намали просечната малопродажна цена на струјата

струја

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото полугодие од 2019 година, просечната малопродажна цена на електричната енергија за домаќинствата изнесува 4.770 денари по KWh, што претставува пад од 1.4 % во споредба со второто полугодие во 2018 година.

Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 3.612 до 7.495 денари по KWh по групи на потрошувачи.

Просечната цена на природниот гас без данокот на додадена врeдност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 19.452 до 28.910 денари по nm3 по групи потрошувачи.

Просечната малопродажна цена на природниот гас за домаќинствата изнесува 38.783 денари по nm3.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот