Погледнете во луксузната куќа на Мајкл Даглас и Кетрин Зита Џонс вредна 4,5 милиони долари (ВИДЕО)

Мајкл Даглас и Кетрин Зита Џонс
Фото: Профимедиа

Славниот холивудски пар ја „пазари“ новата куќа вредна неверојатни 4,5 милиони долари во Њујорк.

Мајкл Даглас (74) и Кетрин Зита Џонс (49) станаа сопственици на нова лускузна куќа во еден од најголемите градови во светот. Тие неодамна ја продадоа својата вила во Вестчестер за 20,5 милиони долари.

Нивната нова „играчка“ со име „Долга ливада“ се простира на 12 хектари и тоа се до реката Хадсон.

Вилата се наоѓа на средина од имотот и изградена е на почетокот на триесетите години од минатиот век. Вкупно има 22 соби, од кои осум спални и 10 тоалети.

Главната спална соба покрај гардероберот има и посебно купатило со голема када покрај која се наоаѓа луксузен камин од бел мермер.

Огромната дневна соба исто така ја краси камин од мермер и кристален лустер. Вилата исто така поседува приватна библиотека, огромна кујна, соба за забава со голем шанк, базен на затворено и теретана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот