Погледнете во какви сцени ќе учествува и што сѐ ќе може да издржи овој теренец во новиот филм за Џејмс Бонд (ВИДЕО)

Новото теренско возило кое ќе се појави во најновото продолжение од серијалот за тајниот агент Џејмс Бонд, Land Rover Defender, навистина изгледа „незапирливо“, како што е и опишано во промотивното видео. 

Во најновиот филм за Џејмс Бонд, под наслов „No Time To Die“, токму ова возило ќе игра доста важна улога, барем кога станува збор за акциските сцени.

Судејќи според тоа што може да се виде во спектакуларните сцени на потера, во филмот се вклучени повеќе џипови, од кои сите покажаа дека се неспоредливи на теренот.

Десет сериски копии на Land Rover се користени за време на снимањето на филмот без никакви измени, а не е познато колку од нив останале неоштетени. 

Во продолжение погледнете со какви карактеристики располага ова теренско возило… 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот