Погледнете вечерва во небото: На него ќе засјае Супермесечина (ВИДЕО)

Вечерва на небото ќе засјае третата полна Месечина во 2020 година, а воедно и првата Супермесечина годинава. Кога Месечината е во ваква позиција изгледа дека е посветла и поголема од стандардната полна Месечина.

Полната Месечина се појавува на секои 29,5 дена кога е целосно осветлена со сончевите зраци, а овојпат го означува почетокот на пролетта бидејќи е последна полна Месечина во зимската сезона.

Индијанците не го бележеле времето со користење на месеци од нашиот календар, туку племињата на секоја полна Месечина ѝ давале прекар за полесно да ги следат годишните времиња и месеците.

Едно од најпопуларните имиња за мартовската Супермесечина е Worm Moon или Месечина на црвот.

Ова ќе биде последната полна Месечина во зимската сезона, а името го добила бидејќи времето станува сè потопло па глистите од земјата излегуваат и почнуваат да ја подготвуваат почвата за првите земјоделски работи, најавувајќи дека конечно доаѓа пролетта. Позната е и како Шеќерна месечина, бидејќи го означува и времето кога почнува да тече сок од стеблата на јаворите.

Денешната Месечина е првата од три Супермесечини во 2020 година и ќе биде овогодинешната најблиска Месечина до Земјата.

Најполна ќе биде денеска во 18 часот и 47 минути.

2020, година на Супермесечините

Експертите велат дека 2020 година ќе биде навистина посебна што се однесува до небеските феномени, а Супермесечината во април наводно ќе биде уште поспектакуларна и поголема. Во април полната Месечина се нарекува и Pink Moon или Розева Месечина поради розевите цветови кои цветаат во рана пролет, а ќе ја проследиме на 8 април, кога ќе биде на  357,035 километри од планетата Земја (најблиску до сега од февруари минатата година).

Поледната спектакуларна Супермесечина за 2020 година не очекува на 7 мај, кога ќе биде оддалечена 361,184 километри од Земјата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот