Погледнете со која титула се заведени Меган и Хари на изводот на ќерката Лилибет

Profimedia
Фото: Профимедиа

Откриен е изводот на ќерката на принцот Хари и Меган Маркл, Лилибет Дајана во кој нејзините родители биле заведени поинаку отколку на изводот на братот Арчи, пишува „People“.

Изводот на раѓање на Лилибет, што го открива „People“, покажува дека таа е родена на 4 јуни во 11 часот и 40 минути во болницата „Santa Barbara Cottage“, недалеку од домот на Меган и принцот Хари во Калифорнија.

Првото име на принцот Хари било наведено како „Војводата од Сасекс“, со „Неговото кралско височество“ како презиме. Во меѓувреме, Меган не ги искористила своите кралски тутули, наведувајќи го нејзиното целосно име Рејчел Меган Маркл, бидејќи документот ги барал нивните законски имиња и нејзиното моминско име.

хари меган кралско семејство
ФОТО: Instagram

Изводот на раѓање на Арчи беше објавен во јавноста 11 дена по неговото раѓање во мај 2019 година. На изводот на нивниот син, Хари е заведен како „Неговото кралско величество Хенри Чарлс Алберт Дејвид војводата од Сасекс“, додека Меган била „Рејчел Меган нејзиното кралско величество војвотката од Сасекс“.

Нивните професии на изводот на Арчи биле наведени како „Принц“ и „Принцеза на Обединетото Кралство“, иако Меган нема титула принцеза. На калифорнискиот извод на родените, занимањата на родителите не се заведуваат.

Како дел од договорот на двојката со кралицата Елизабета минатата година, беше објавено дека Меган и Хари ќе ги задржат своите титули на „Негово/Нејзино Величество“, но веќе нема да ги користат.

ФОТО: Profimedia

Иако, тие сè уште се војвода и војвотка од Сасекс, откако се повлекоа од своите кралски улоги, парот вообичаено се претставува само како „Хари и Меган“.

Кога принцот Чарлс ќе стане крал, Арчи и Лилибет автоматски ќе ги наследат титулите принц и принцеза како внуци на монархот. „Не мислам дека прицот Чарлс ќе го направи непопуларниот и непријателски потег на отстранување на кралскиот статус на неговите внуци“, рекол кралскиот историчар Роберт Лејси за списанието.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот