Погледнете со кого Марија Шерифовиќ го прослави 35 роденден (ФОТО)

инстаграм

Марија Шерифовиќ денес го прослави својот 35-ти роденден, а честитките пристигнаа од сите страни.

– Ви благодарам за честитките. Наполнив 35. Во мојата глава сум таман некаде на половина пат… Со првата половина сум задоволна, а другата? Е, таа ќе биде сензационална, напиша пејачката на својот Инстаграм профил.

На фотографијата се гледа дека роденденот Марија, меѓу останатите, го прославила и со своето куче.

Таа сподели и видео на кое со едно момче кое го нарече „Мојот омилен пријател“ си ја испеа песничката „Среќен роденден“.

Пејачката овие денови подигна прашина во медиумите откако соопшти дека го напушта шоуто „Ѕвездите на Гранд“ каде веќе неколку години е член на жирито.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот