Погледнете што има да каже Ким Кардашијан за сопствениот љубовен живот

instagram

Семејството Кардашијан-Џенер повеќе или помалку беше отворена книга кога станува збор за нивниот професионален и особено личен живот, благодарение на 20 славни сезони на „Keeping Up With The Kardashians“. Поради тоа нивните обожаватели не беа подготвени за многуте шокантни откритија во специјално издание во два дела „Keeping Up With The Kardashians: The Final Curtain“.

Сите погледи се свртени кон Ким Кардашијан и нејзиниот љубовен живот, поднесување на барање за развод од Канје Вест, гласините за романтични состаноци со Вен Џоунс, Малума итн. Ким зборува искрено за своето минато, сегашност и иднина во приватниот живот.

Ким Кардашијан проговори за славната порно снимка со Реј Џеј

Порно снимката на Ким Кардашијан со поранешното момче Реј Џеј е тоа што ја катапултираше до статус на ѕвезда и го направи целото семејство Кардашијан-Џенер славно.

За среќа, мислам дека поминаа толку многу години и се случија многу позитивни работи, што навистина го става во сенка. Тоа е нешто со кое морам да живеам до крајот на животот. Уште ми стои над главата. Се обидувам да не се жалам, но тоа е веројатно единственото нешто што посакувам да не постои. Ако можев да избришам некоја од глупавите работи што сум ги направила во животот, ќе биде тоа. Најмногу поради тоа што сум мајка, отколку поради било која друга причина“ сподели Ким, зборувајќи детално за „глупавата работа“ што би сакала да ја избрише од својот живот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian)

Ким Кардашијан се обидела да му се извини на поранешниот сопруг Крис Хамфрис за бурниот брак

Пред да започне нејзината љубовна приказна со Канје Вест, Ким Кардашијан беше во 72-дневен брак со Крис Хамфрис во 2011 година, кој започна со телевизиска венчавка од неколку милиони долари. Крис Џенер, ноќта пред венчавката споделила загриженост со Ким „ова може да биде навистина лоша идеја“ за претстојниот настан.

Ким појасни дека Крис ѝ понудила да влезе во автомобил и да си отиде. Но, бидејќи свадбата се снимала за „Keeping Up With The Kardashians“, Ким не сакала да биде позната засекогаш како „бегалка“. „Ја вложив целата своја плата и веројатно на Крис, затоа што сакав поголема свадба од таа за која тие беа спремни да платат. Го искористив целиот буџет на продукцијата за свадбата. Ако венчавањето беше неискрено, ќе си ги заштедев парите“, изјави Ким бранејќи се дека венчавката не била само за на телевизја.

„Се справив со разделбата на погрешен начин. Се обидов да се извинам. Се обидував да му се јавам со месеци“, призна Кардашијан пред да се присети како налетала на Хамфрис во хотелот „Беверли Хилтон“ во Лос Анџелес, неколку години по разводот. „Ја држев Норт во рака и имав огромен стомак. Бев пред пораѓање со Сент и кога го видов сите негови пријатели станаа и се поздравија, но тој само ме погледна и не сакаше да зборува“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Covet Magazine (@covetmagazines)

Ким Кардашијан ја откри причината за разводот со Канје Вест

„Искрено, не мислам дека би го кажалa тоа на телевизија. Не беше една конкретна причина од било која страна. Мислам дека станува збор за разлика во ставовите за неколку работи што доведоа до оваа одлука. Во никој случај не би сакала некој да помисли дека не дадов сè од себе, или навистина не се обидов. Знаете, имаме четири деца. Нема ништо што децата го сакаат повеќе отколку да ги видат своите родители заедно. И јас го живеев тоа“, вели Ким.

Зборувајќи за својот „прв вистински брак“ со Вест, Ким додаде: „Канје секогаш ќе ми биде семејство. Имаме неверојатна врска како тим на родители. Го почитувам многу и мислам дека ќе имаме добар однос. Знаете, тој прво ми беше пријател долго време, така што не мислам дека ќе се промени. Јас засекогаш ќе бидам најголемиот обожавател на Канје“.

Ким Кардашијан прозборе за романтичните односи со Вен Џоунс и Малума

Откога се потврди разделбата меѓу неа и Канје Вест, Ким Кардашијан беше мета на гласини за нови романтични партнери, почнувајќи од 52-годишниот водител на „Си-Ен-Ен“, Вен Џоунс, до добитникот на латино „Греми“, Малума кој има 27 години.

Отфрлајќи ги двете романтични шпекулации, Ким одговори: „Вен ми испрати порака – Оваа гласина ми донесе многу романтични состаноци и сум многу благодарен, ти должам!“, додека за Малума, откри Кардашијан „Го имам видено неколку пати, секогаш во Мајами. Многу фино момче. Многу фин“.

Ким Кардашијан е подготвена да излезе со непозната личност

„Да, апсолутно. Само да е некој што ќе го разбира животот. Сепак, мислам дека она што го барав и таа што бев се сосема поинакви од ова што сум денес. Ја ценам приватноста и сакам само нешто што е вистинско“, призна Ким Кардашијан дека е отворена за излегување со обична личност по нејзиниот неуспешен брак со Канје Вест, пренесува „PinkVilla“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот