РАСТЕ ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА: Погледнете колку изнесува таа во јули!

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јули 2019 година, во однос на јули 2018 година, изнесува 104.3.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита (10.6 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (9.8 %) и Транспорт и складирање (7.4 %).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Дејности во врска со недвижен имот (2.1 %), Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (1.9 %) и Дејности на здравствена и социјална заштита (1.9 %).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули 2019 година, изнесува 25.104 денари.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јули 2019 година, во однос на јули 2018 година, изнесува 105.5.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита (12.4 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (9.9 %) и Транспорт и складирање (9.4 %).

Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Дејности во врска со недвижен имот (2.1 %), Дејности на здравствена и социјална заштита (2.0 %) и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (2.0 %).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во јули 2019 година, изнесува 37.268 денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот