Погледнете како танцува Трамп, вакво нешто не сте виделе (ВИДЕО)

Претседателот на САД, Доналд Трамп рече дека можеби ќе мора да ја напушти земјата доколку ги загуби претседателските избори од Џо Бајден.

Форумот на Бајден со избирачите го следеле повеќе гледачи отколку средбата на Трамп

Предизборните митинзи на Доналд Трамп се познати по еуфорочната атмосфера и неговите шеги, но сега тој испрати порака на митингот во Џорџија со која не само што ги насмеа неговите приврзаници, туку некои и ги загрижи.

Изборната кампања во САД во завршна фаза: Бајден има 12 проценти предност пред Трамп

– Знаете што? Да се ​​натпреварувам со најлошиот претседателски кандидат во историјата е притисок врз мене. Можете ли да замислите дека ќе загубам? Што би направил тогаш? Би требало тогаш да кажам, изгубив од најлошиот кандидат во историјата на политиката. Не би се чувствувал добро. Можеби ќе треба да ја напуштам земјата, не знам, рече Трамп.

Тој исто така рече дека повеќе нема да собира пари за кампањата за претседателските избори што ќе се одржат на 3 ноември.

Донации во предизборната кампања во САД: Бајден собра 135 милиони долари повеќе од Трамп во септември

Според претходните податоци, Џо Бајден собрал 383 милиони долари за камењата, додека Трамп собрал 247 милиони.

Претходно, Трамп ги изненади своите приврзаници на митингот во Флорида со својот урнебесно смешен танц на песната „Village People“ од групата YMCA.

Овој танц го доби името МАГА танц, по кратенката на слоганот на Трамп „Make America Great Again“.

Изборната кампања во САД во завршна фаза: Бајден има 12 проценти предност пред Трамп

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот