ПОГЛЕДНЕТЕ КАКО ПАДНА МОЌЕН БРАЗИЛСКИ НАРКО-БОС! Кралот на кокаинот мислел дека е безбеден во луксузната вила кога влегла полицијата! (ВИДЕО)

Андре де Оливеира Маседо, бразилски нарко бос кој се смета за одговорен за криумчарење на кокаин во Европа, е уапсен во една луксузна вила близу Рио де Жанеиро.

Маседо, познат и под прекарот Андре до Рап, е осомничен дека бил главен човек на злогласната калабриска мафија Ндрангета во Бразил.

Тој е лоциран и уапсен во неделата наутро во луксузна вила во Ангри дос Реис, летувалиште кое е одалечено 150 километри од Рио.

Не само што вилата е луксузна, како што може да се види на снимката, туку Маседо таму имал и хеликоптер и луксузна јахта.

На душа му се става дека бил еден од лидерите на првата група за „специјални намени во престолнината“, односно моќни криминални групи кои се основани во затворите во Сао Паоло.
Тие се цврсто поврзани со италијанската мафија Ндрангета и ја снабдуваат Европа со кокаин преку пристаништето Сантос, најголемо во Латинска Америка.

Пред два месеца во Сантос се уапсени и двајца припадници на Ндрангета.

Медиумите потсетуваат дека заплената на кокаин во Бразил е удвоена во првите шест месеци во 2019 година во однос на истиот период минатата година и дека изнесува околу 25 тони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот