Погледнете како овој пензионер и покрај карантинот отиде на кафе – КАКО ГОСПОДИН! (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Jа облече својата јакна, и се упати кон вратата, а притоа не обрнуваше воопшто внимание на молбите на својата ќерка, па така и кажа само ЧАО.

Ширењето на коронавирусот предизвика вонредна состојба во многу земји, но и домашен карантин кој сосема очекувано ги излудува луѓето.

Една од главните мерки за заштита е постарите, но и помладите да останат во своите домови со цел да го спречат ширењето на вирусот, а така да се заштитат и себе си и своите најблиски.

Така, пензионер од Италија се заинаети да испие едно кафе надвор. „Одам по моето кафенце. Не ме интересира ништо, отидов јас! Одам, одам ќерко! Ми треба кафе“ тврдоглаво повторуваше овој повозрасен човек.

Тој ја облече својата јакна, и се упати кон вратата, а притоа не обрнуваше воопшто внимание на молбите на својата ќерка, па така и кажа само ЧАО.

Но, следниот потег кој го направи е за секоја чест: Веднаш штом го напушти домот, застана на прозорот од кујната и „си нарача“ кафе!

Браво шегаџијо, го развесели целиот свет!

“I’m going out for a coffee!” "Esco per un caffè!"

Publiée par Otaviano Canuto sur Vendredi 20 mars 2020

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот