Погледнете како КРАЛОТ НА ДРОГАТА им избега на Украинците – Го чекаше депортација а тој како на ШЕГА замина (ФОТО+ВИДЕО) – Слободен печат
ВестиПланета

Погледнете како КРАЛОТ НА ДРОГАТА им избега на Украинците – Го чекаше депортација а тој како на ШЕГА замина (ФОТО+ВИДЕО)

Таканаречениот крал на дрогата е доведен на 15-ти август на аеродромот за да биде депортиран назад во Израел.

Снимките од надзорните камери од аеродромот „Бориспил“ покажуваат со каква леснотија побегнал Амос Дов Силвер, основачот на најголемата светска мрежа за продажба на дрога преку интернет и тоа за време на депортација.

Таканаречениот крал на дрогата е доведен на 15-ти август на аеродромот за да биде депортиран назад во Израел. Тој поминал низ пасошка контрола и му била извадена безбедносната алка.

Меѓутоа, додека чекал два припадници на СБУ да пројдат низ контролата и да си ги земат своите работи, тој го искористил нивното невнимание и само си заминал. Се упатил кон зоната „дјути фри“ и исчезнал.

Интересно е дека никој не приметил кога тој истрчал кон излезот, туку си продолжиле со своите активности.

Фото: Принтскрин

Одлуката за депортација е донесена на 15-ти август иако украинските власти не ги известиле израелските колеги за тоа и самите ја изведувале.

„Да се случи (бегство). Неговото предавање беше исклучиво во надлежност на Украинската безбедносна служба (СБУ) и не ја информираа полицијата, канцеларијата на државниот обвинител ниту било која агенција која е обично вклучена во такви процедури. Затоа таа работа е во нивна надлежност“, навела полицијата.

Сепак и покрај неверојатното бегство, странските медиуми известуваат дека Силвер е пронајден и депортиран во Израел.

Амос Дов Силвер е основачот на најголемата глобална дистрибуциска мрежа на дрога преку интернет и има двојно државјанство, на САД и Израел.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close