Погледнете како изгледала мајката на Анџелина Џоли: Необичната убавина навистина ја наследила од неа! (ФОТО)

Profimedia

Анџелина Џоли многумина ја сметаат за најубавата жена на светот. Велат дека нејзиниот поглед наликува како на мачка, а таа е дефинитивно и симбол за холивудската насмевка.

Пластичните хирурзи велат дека жените најчесто сакаат хирургијата да им овозможи усни како оние на Анџелина Џоли, како и нејзиниот облик на очите.

Меѓутоа, многу луѓе не знаат дека Анџелина Џоли многу потсетува на својата покојна мајка Марселин Бертран, од која го наследила истиот поглед, но и држењето.

Да беше жива, Марселин оваа година ќе наполнеше 69 години. Мајката на Анџелина исто така била актерка, но својата кариера ја занемарила поради семејството и децата. Одлучила да стане добра мајка и примерна сопруга.

Кога имала 21 година, Марселин се омажила и го родила синот Џејмс, а две години подоцна и Анџелина. Сфатила дека е многу тешко да ја усклади филмската кариера и грижата за мали деца, па одлучила да се посвети на семејството.

Меѓутоа. бракот со Џон Војт не ѝ донесе среќа на младата актерка. Открила дека тој ја изневерувал со кого и да стигнел, па поднела барање за развод кога нејзиниот син имал 5 години, а ќерка ѝ 3 години.

Кога имала скоро 52 години, се венчала со Том Бесамер со кого живеела во среќен брак скоро 7 години, додека смртта не ги разделила.

Марселин скоро 8 години се бореше со карцином, за после тешката борба да почине во 2007 година од рак на јајниците.

Во 2008 година Анџелина и Бред Пит ја добиле ќерката Вивиен Марселин Џоли Пит, која го добила своето име по покојната баба.

View this post on Instagram

#angiejoliefans #angelinajolie #marchelinebertrand

A post shared by Angelina Jolie Fans (@angiejoliefans) on

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот