Погледнете како изгледаат ѕвездите без „мејк-ап“ на Инстаграм, баш се супер! (ФОТО)
Од Лејди Гага до Кендис Свонпул, од Жизел до Шарлиз Терон. Трендот на селфи без шминка, кој беше лансиран на почетокот на годината од Ријана, станува хит меѓу славните.
Моменти на релаксација, бавно будење, маски за лице, прегратки со домашните миленичиња. Секоја причина е добра за да се направи природно селфи, без шминка.
Ваков трендовски бран ги зафати познатите личности од сите возрасти. Од топ моделот Кендис Свонпул до Жизел Бундхен, од Бела Хадид до Шарлиз Терон.
Природно, несовршено, убаво
Поп ѕвездата Ријана беше првата која, на почетокот на годината, објави селфи без мејкап, филтри, фотошоп. По неа, се фотографираа и други ѕвезди кои ги покажаа своите лица – повеќе или помалку – природно. Некои од нив се фокусираа на најубавите делови од нивната глава, на пример, Кендис Свонпул која ја нагласи својата преубава, природна коса.
По неа се огласи глумицата Шарлиз Терон претставувајќи го своето мрзеливо утро, без шминка, во кое најмногу сака да си го гушка кученцето.
Лејди Гага, знаете веќе, не се плаши од никого и од ништо, толку многу што ден пред Денот на вљубените ѝм се прикажа на своите фанови во целосно утринско издание.
За разлика од ѕвездите од минатиот век, кои никогаш не би се осмелиле да се прикажат без шминка, денешните sвезди сè повеќе и повеќе го сакаат природниот изглед. Како, на пример, Кејт Босворт која ги изненади сите со својата „бледолика“ фотографија постирана на Инстаграм.
Циклусот го затвораме, за сега, со постот на супермоделката Бела Хадид која позира со маска за лице и Жизел Бундхен која им посакува добро утро на сите фанови со најстарата нега за убавина: допир на сонце и малку здрава релаксација.