Погледнете како изгледаат пазарите во Торино и Неапол среде пандемија на коронавирус (ФОТО)

На почетокот на март, кога состојбата во Италија со коронавирусот стана многу тешка, италијанскиот премиер Џузепе Конте воведе карантин во таа земја. Најпрво забрани седење по кафулињата и рестораните поблиску од еден метар оддалеченост и советуваше што помалку движење низ земјата.

Потоа е воведен тотален карантин, по што од дома смееше да се излезе само кога е неопходно, или за на работа или по намирници. Затворени се кафулињата и рестораните, како и речиси сите продавници. Единствено работат пазарите, дуќаните за купување на намирници, аптеките и некои банки.

Во Италија досега починаа 19.899 лица, а регистрирани се 156.363 случаи на зараза (вкупно заболени, починати и лица кои оздравеле). Излечени се 34.211 лица, а 3.343 пациенти се во тешка состојба.

Премиерот на Италија, Џузепе Конте веќе неколку дена е под двоен притисок: Лекарите и научниците го повикуваат да не брза со укинување на изолацијата за да не се шири повторно пандемијата откако веќе 10 дена успорува. Но, од друга страна, деловните кругови и бизнисмените го предупредуваат од големата штета која ја трпи, третата по моќност европска економија која од средината март е на работ на пропаст.

Прочитајте и...  Морисон: Австралија ќе го намали бројот на граѓани на кои ќе им биде дозволено да се вратат од странство

Инаку, италијанската влада до 5 мај ги продолжи вонредните мерки воведени пред месец дена поради спречување на коронавирусот. Таа одлука ја донесоа и покрај падот на бројот на починати и новозаразени во петокот и растот на бројот на опоравените.

Дека луѓето веќе не можат да седат дома и покрај критичноста која ја носи периодов, докажуваат фотографиите кои фото-новинарите на ЕПА денес ги објавија од Неапол и Турин, на кои е прикажана состојбата на локации каде има пазари на отворено. Во очи католички Велигден, луѓето „навалија“ во шопинг:

 

Торино (петок, 10 април 2020 година – областа каде се наоѓа градот брои 16.680 случаи и 1.663 починати)
Фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO
Фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO
Фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO
НЕАПОЛ (петок, 10 април 2020 – областа каде се наоѓа градот брои 3.517 случаи и 238 починати):
Фото: EPA-EFE/CIRO FUSCO
Фото: EPA-EFE/CIRO FUSCO
Фото: EPA-EFE/CIRO FUSCO

Прочитај повеќе

Серија инциденти пред Собранието на Србија во Белград (ВИДЕО)

МИА Агенција

Реакција на српската Демократска партија за протестите во Белград

Слободен печат

Демонстрантите ја нападнаа полицијата во Белград, употребен и солзавец

Слободен печат

Нови демонстрации во Србија, Парламентот го опколи жандармеријата (ВИДЕО)

Слободен печат

Вучиќ од Париз: Мислам дека конечно паднаа сите маски!

Слободен печат

Во светот денеска рекорден број новозаразени: СЗО признава дека не може да се искорени вирусот

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Царовска: ВМРО-ДПМНЕ нуди изолација и враќање назад

Слободен печат

Стефановиќ: Брутални сцени на насилство, полицијата мора да реагира

МИА Агенција

Николоски: Мојот против кандидат е „капо ди тути капи“ на сите криминалци во оваа држава

Слободен печат

Филипче: Ако делите барем дел од ентузијазмот, вербата и желбата што јас вечерва ја чувствувам, ние сме победници

Слободен печат

Заев: После поразот Мицкоски нема да биде лидер на ВМРО-ДПМНЕ

Слободен печат

Мицкоски: Да ставиме крај на криминалот и разнебитувањето

Слободен печат