Погледнете како изгледа куќата на Мајорка каде Михаел Шумахер ќе го продолжи лекувањето, само три лица смеат да го посетат (ФОТО+ВИДЕО)

Седумкратниот формула 1 шампион, Михаел Шумахер се пресели на Мајорка во вилата Јасмин која неговата сопруга ја купи од претседателот на Реал Мадрид за 30 милиони евра.

Корина Шумахер вилата во Мајорка ја купи пред три години и тоа од Флорентино Перез, претседателот на „кралскиот“ клуб за сума од 30 милиони евра.

Таа луксузната вила ја претвори во болница, односно во центар за рехабилитација за својот сопруг кој во 2013 година доживеа тешки повреди на главата за време на скијање на француските Алпи.

фото: Mallorca Sotheby’s/screenshot
фото: Mallorca Sotheby’s/screenshot

Флорентино Перез се одлучи вилата Јасмин од 15.000 квадратни метри да ја продаде пред три години кога му почина сопругата Мари Анхелес Сандовал.

фото: Mallorca Sotheby’s/screenshot
фото: Mallorca Sotheby’s/screenshot

Вилата Јасмин и имотот Лас Брисас имаат два хелиодроми, два базени, голема градина со палми и спектакуларен поглед на Медитеранот.

фото: Mallorca Sotheby’s/screenshot

Пред неколку дена, неврохирургот Ерик Ридерер за француската телевизија ТМЦ даде не толку оптимистичка изјава за состојбата на седумкратниот Ф1 шампион.

Шумахер речиси да се наоѓа во вегетативна состојба. Тој дише, срцето му работи, веројатно со помош може и да седне и да направи еден-два чекори, но тоа е се. И мислам дека тоа е неговиот максимум. За жал, не постојат шанси да го видиме да биде оваков каков што беше пред несреќата – вели Ридерер.

Германски невролог нема многу оптимистички вести за состојбата на Шумахер: Тој е буден, но тоа е највеќе што може да направи

Поранешната сопруга на Флавио Бриаторе, Елизабета Грегорачи која е блиска пријателка со семејството Шумахер, тврди дека само на три лица освен најблиското семејство им е дозволено да го посетат  Михаел.

Михаел не може да зборува, комуницира со очите и со поглед. Освен најблиското семејство и медицинскиот персонал, само на три лица им е дозволено да го посетат. Корина Шумахер од вилата Јасмин направи луксузна болница вредна 30 милиони евра – изјави Грегорачи за РАИ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот