Погледнете како изгледа анкетниот лист на Ацо Колевски

Со едногласна поддршка од членовите на Советот Ацо Колевски денеска беше избран за нов претседател на Советот на јавните обвинители на Република Македонија.

Ацо Колевски е член на Советот од февруари 2018 година кога беше избран од редот на јавните обвинители и дојде на местото на Љубомир Јовески кој ја презеде должноста државен јавен обвинител.

Колевски во својот анкетен лист, на име на брачниот другар, пријавил стан во Скопје од 67 метри квадратни, проценет на 3,5 милиони денари, стекнат со договор за купопродажба.

На свое име пријавил куќа во Скопје, стекната од наследство, од 80 метри квадратни, проценета на 3,7 милиони денари, а навел и податок-уплата за стан од 780 илјади денари, без да даде повеќе податоци.

Тој вози Цитроен, а на свое име пријавил и неколку штедни денарски книшки.

Целиот негов анкетен лист, ОВДЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот