Погледнете како губењето на само 30 минути сон во работните денови влијае на здравјето!

Губењето на само 30 минути сон за време на работните денови може да има долгорочни ефекти врз телесната тежина и метаболизмот, покажува студијата нарачана од британското Министерство за здравство, пишува Science Daily.

За луѓето кои не спијат доволно во текот на шест месеци, инсулинската резистенција значително се зголемува, што го зголемува ризикот од развој на дијабетес тип 2.

Дијабетесот е придружен со ризици како губење на видот, срцев удар и мозочен удар, како и оштетување на нервите и крвните садови.

„Откривме дека губењето на само 30 минути сон на ден има значително влијание врз дебелината и инсулинската резистенција“, рекол професорот Шахрад Тахери од Медицинскиот колеџ Вајл Корнел во Катар.

Научниците утврдиле дека промената на биоритамот со скратување на спиењето го менува ритамот на лачење на хормони и доведува до здравствени проблеми.

Претходните истражувања веќе покажале дека работата во смени ги зголемува шансите за развој на дијабетес за повеќе од 30 проценти.

Научниците од Универзитетот во Бристол и Медицинскиот колеџ Вил Корнел испитувале примерок од 552 луѓе колку луѓе спијат помалку во работните денови отколку за време на викендите и како оваа загуба на сон влијае на нивното здравје, пишува Science Daily.

Професорот Тахери изјавил дека губењето на сонот е широко распространета појава во современото општество и само во последните десет години е откриено дејството на недостаток на сон врз метаболизмот.

Научните откритија покажуваат дека обновувањето на сонот треба да биде вклучено во третманот на дебелина и дијабетес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот