Погледнете како фановите на Елмас и Наполи навиваат од карантин! (ВИДЕО)

принтскрин/youtube

Од европските држави со коронавирус најмногу погодена е Италија, жителите на градовитe се во строг карантин, но тоа не ги спречува навивачите од изолација да пејат и навиваат за својот омилен клуб.

Иако се откажани скоро сите спортски настани, а во државата е прогласена вонредна состојба, навивачите на Елмас во чии редови настапува и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас најдоа начин како да „навиваат“.

Фановите на „наполитанците“ излегоа на балконите, а потоа беа објавени и снимки кои го обиколија целиот свет.



Љубовта спрема клубот е посилна од заразата за овие навивачи. Моментно екипата е на шестата позиција во Серија А.

Елмас заедно уште со Горан Пандев (Џенова) и Илија Несторовски (Удинезе) не можат да излезат од Апенините, и тоа е една од причините што ФФМ побара одложување на полуфиналниот натпревар во УЕФА Лигата на нации против Косово за пласман на ЕП 2020.

Оваа сезона нашиот фудбалски „Дијамант“ Елмас во најсилното италијанско првенство има 16 настапи и еден погодок годинава во гостинската победа над Сампдорија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот