Погледнете како да ги внесете четирите витамини кои го зајакнуваат имунолошкиот систем!

Имунолошкиот систем помага да се одбраниме од болести предизвикани од вируси и бактерии. За да функционирате на најдобро можно ниво, треба да ги вклучите вистинските состојки во вашата исхрана. Имено, витамините Ц, Д, Е и Б6 се многу важни за силен имунолошки систем.

Витамин Б6

На телото му треба витамин Б6 за да создаде витални клетки на имунолошкиот систем кои му помагаат во борбата против штетните микроби.

Жените имаат потреба од 1,2 мг витамин Б6 дневно, а на мажите 1,4. Храната најбогата со витамин Б6 е наут, компир, туна, банана, пилешко и кељ.

Витамин Ц

Витаминот Ц помага во уништување на штетниte микроби, вклучително и бактерии и вируси кои предизвикуваат настинки и пневмонија. Витаминот Ц го зголемува производството на витални имунолошки клетки во телото, вклучувајќи ги и белите крвни клетки и фагоцитите. За возрасни, целта треба да биде од 65 до 90 мг витамин Ц на ден, а храна богата со овој витамин е пиперки, јагоди, портокали, брокула и спанаќ.

Витамин Д

Луѓето кои имаат недостаток на витамин Д се повеќе склони кон респираторни инфекции. Витаминот Д е важен за здравјето на коските, а одлично е и за спречување кожни болести, висок крвен притисок и холестерол.

За деца на возраст од 1 до 13 години, тинејџери од 14 до 18 години, возрасни од 19 до 70 години и бремени жени и доилки, препорачаната дневна доза на витамин Д е 15 mcg или 600 IU, додека за луѓето над 71 година е 20 mcg или 800 IU.

Витаминот Д се наоѓа во лососот, говедскиот црн дроб, жолчките и печурките.

Витамин Е

Витаминот Е има антиоксидантни својства кои му помагаат на телото да се одбрани од инфекции. Идеална количина за возрасни е 15 мг на ден, а ќе ја најдете во пастрмка, црвени пиперки, авокадо, сончогледово масло и бадеми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот