Погледнете каде Ѓоковиќ се појави во дрес на Црвена Звезда! (ФОТО)

Освен што е зафатен со обврските во тенисот, Новак Ѓоковиќ го искористи слободноте време и да погледне малку фудбал.

Потсетување дека српскиот ас го очекуваат настапи на Мастерс турнирот во Париз (Франција) и завршниот Мастерс во Лондон (Англија).

Денеска одлучи да биде дел од натпреварот во рамките од најдоброто француско фудбалско првенство помеѓу екипите на Монако и Рен кој заврши со триумф на домаќините (3:2).

Стадионот „Луј Втори“ му беше блиску, па ја искористи можноста да го посети во дресот на Црвена Звезда, а со него беше и синот Стефан.

Општо е познато дека Ноле е голем навивач на белградските „црвено-бели“, и како што можете да видите, омилениот клуб го промовира каде што ќе стигне.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот