Погледнете ја тетоважата на овој артист, која е неверојатна оптичка илузија! (ФОТО)

инста

Мајсторот за тетоважи решил да истетовира досега невидена тетоважа на неговиот пријател Рајан. Тој направил оптичка илузија на главата која изгледа како дупка.

Уметникот за тетовирање ги збуни корисниците на социјалните мрежи откако на задниот дел од главата на неговиот клиент нацрта неверојатна тетоважа која изгледа како да е вистинска, а всушност станува збор за оптичка илузија.

Уметникот за тетоважи Мет Персон, кој работи во компанијата „Зион тетоважа“ во Јута, покажа неверојатна оптичка илузија што ја дизајнираше за неговиот пријател Рајан во неговиот последен проект.

Мет на главата на Рајан нацрта низа дебели линии кои ги насочи кон задниот дел на черепот и со помош на неколку паметни трикови во сенката, Мет успеа да направи главата да изгледа како масивна дупка.

Сликата, која првично беше објавена на неговиот инстаграм-профил уште во април и има над 65.800 следбеници, собра повеќе од 11.000 лајкови.

Мет напиша: „Направив една луда работа за мојот пријател Рајан денес … Имаме уште што да завршиме, но што мислите за ова?“

Многумина ја пофалија неговата работа во коментарите, пишува Мирор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот