Погледнете ја најновата мајсторија на Нејмар! (ВИДЕО)

Во рамките од 17. коло во „Лига 1“ екипата на ПСЖ ја оправда фаворитската улога на гостувањето кај Монпелје со резултат 1:3.

После првото полувреме изненадувачки водеше Монпелје после автоголот на Паредес во 41. минута од средбата.

Целосен пресврт на мечот се случи во второто полувреме кој го направи Нејмар со еден прекрасен слободен удар во 74. минута. Тоа беше негов шести погодок сезонава за париските „светци“ во шампионатот.

120 секунди подоцна Бразилецот беше и асистент до Мбапе кој се погрижи за 1:2, а овој беше асистент на третиот погодок кој беше дело на Икарди во 81. минута.

ПСЖ останува на првата позиција во генералниот пласман со 39 бодови, а Монпелје после петтиот пораз е на осмото место со 24 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот