Погледнете го спектакуларниот огномет по повод Денот на победата во Москва (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Десетминутен спектакуларен огномет го осветли небото над Москва, во знак на одбележување на победата на Советскиот сојуз над нацистичка Германија во Втората свеска војна.

За време на огнометот биле искорестени дури 50 видови на различни пиротехнички средства, пренесуваат тамошните медиуми.

Во Москва денеска порано беше одржана и парада по повод 9 мај, Денот на победата над фашизмот во Втората светска војна.

На парадата присуствуваше и претседателот на Русија, Владимир Путин, на кој му беше поднесен извештај од министерот за одбрана.

Погледнете како изгледаше вечерашниот спектакл над небото над Москва:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот